Битола без предновогодишна еуфорија
На десет дена пред Новата година, празничната атмосфера во Битола ја наговестуваат само украсените приватни објекти, дуќаните и кафулињата. Како и повеќето градови и Битола нема да биде украсена, односно општината нема да одвои финансиски средства за украсување. На битолчани пак, им недостига градот да биде украсен.
Од Општина Битола велат дека заради ковидот, но и енергетската криза, новогодишното украсување нема да значи декоративно оптоварување по секоја цена или користење на застарени реквизити кои и естетски и по потрошувачка на енергија не се соодветни, туку складно разубавување, на одредена локација. Општината распиша и јавен повик на кој граѓаните до минатиот петок можеа да ги понудат своите предлози каква да биде новогодишната програма во градот една недела пред празниците. Новогодишната програма ќе се одвива пред платото на Офицерскиот дом.
Според него, преку јавниот повик сите жители на општината рамноправно учествуваат како творци и корисници во културата и културните случувања.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
