Петков заминува во прва работна посета на Брисел
– Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Петков изјави дека ќе отпатува во Брисел на самит за да ги покаже приспособените први стратегии на новата бугарска Влада.
Разговорите со европските лидери ќе се фокусираат на ситуацијата во енергетскиот сектор и зголемувањето на цените на енергијата, планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.
Со генералниот секретар на НАТО, новиот бугарски премиер ќе разговара за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море и Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
