Претседателот Мета го потпиша договорот за заеднички гранични контроли со Македонија
Претседателот Илир Мета вечерва објави дека го потпишал договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини.-Договорот се заснова на модели што ги имаме со другите земји кои ги подготвивме во консултација со мисијата ПАМЕКА во нашата земја. Главните цели се да се олесни движењето на луѓе и стока, да се зголеми соработката во исполнувањето на заедничките безбедносни интереси и брзата размена на информации, да се зајакне професионалниот капацитет на службениците на граничната полиција и да се контролира квалитетот на спроведувањето на законот за граничната контрола, рече Чучи.
Верувам, додаде, дека на сите им е јасно оти овој договор има за цел да ги „зајакне врските со нашиот сосед“ и веруваме дека тоа им служи на „нашите заеднички напори за ЕУ и иницијативата Отворен Балкан“.
Долж македонско – албанската граница функционираат граничните премини Блато и Џепиште (кој е од локален карактер и веќе функционира заедничка контрола) и двата кај Дебар, потоа Ќафасан кај Струга, Стење кај Ресен и Свети Наум кај Охрид.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
