Бизнис
15. December 2021 - 19:36

Сетек со големи попусти за нивниот 28-ми роденден

Традиционално декемвриско намалување на цените во Сетек. Повод за големата акција е прославувањето на 28 миот роденден на компанијата и долгогодишното постоење на македонскиот пазар. Попустите на производите достигнуваат и до 50 проценти.

- Во овие 28 години вложивме многу труд и многу енергија за да стигнеме до тука, а тоа потрошувачите го препознаваат. Од година во година сетек станува се поконкурентен со цените како и со изборот на техниката од сите светски брендови, вели Дејан Кимовски- генерален директор на Сетек.

Намалување на цените има кај  сите производи на бела техника, компјутери и ИТ опрема, аудио и видео производи

-Секој роденден на сетек е прослава за компанијата , но и за купувачите, затоа би ја искористил оваа прилика да ги повикам граѓаните да поминат во салоните низ земјава и да се уверат во големите попусти на техниката кои се движат и до 50 проценти како и во можноста за плаќање на голем број на рати, додава Кимовски

Попустите важат во салоните низ целата држава. Големата акција започна пред два дена, а ќе трае се до 19 ти декември.