Македонија
14. December 2021 - 8:30

Променливо облачно и студено со засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Наутро на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.

Според информациите од УХМР и во наредните денови се очекува облачно и студено време, но со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието