Зошто снегот секоја зима ги изненадува службите задолжени за одржување на патиштата?
Првиот посериозен декемвриски снег викендов ја парализира земјава. Врнежите кои управата за хидрометерологија ги најави една недела претходно, сепак ги изненади службите. Изминативе денови превоите беа црна точка каде возачите се соочуваа со снежни коловози, непроодни ниту со потребната зимска опрема. Од јавното претпријатие за одржување на регионални и магистрални патишта велат дека нивните капацитети за справување со снегот биле скромни.
Оттаму посочија дека конечно добиле 15 нови возила за одржување на патиштата во зимски услови, но не се доволни.
-Со овие 15 тина возила се направи замена не старите и дотраени возила, но за да може целосно да се одговори на потребите на патиштата во зимски услови, мора да се склучуваат и договори за одржување и со трети лица.
Речиси 20 години механизацијата во претпријатието не е обновена и ова е првпат да се купат нови возила за зимско одржување на патиштата, велат од претпријатието за Сител.
Годинава Јавното претпријатие за одржување на патишта потпишало договор со тетовска фирма вреден речиси 280 илјади евра. Документот е рамковна спогодба што овозможува претпријатието да не ги потроши сите пари, доколку нема потреба од тоа.
На веб страната на ЈП, постојат и извештаи кои ја покажуваат неговата работа. Според анализата може да се види дека годнава во првите три месеци тие нанижале загуби од 620 илјади евра.
Минатата година во првите три месеци добро работеле, со добивка, но во вториот квартал повторно има дупка во касата од 344 илјади евра.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар