Стрипови ќе ги учат чешките деца на сочувство со бегалците

Чешкото Министерство за образование планира кампања во која ќе ги советува наставниците во основните училишта како да зборуваат за миграциската криза.
Како што јави дописникот на МИА, чешките деца со посредство на стрипови, филмови и други активности ќе се учат како да сочувствуваат со бегалците.
Еден стрип ја раскажува приказната за едно авганистанско момче по име Хамид, кое живее на територијата контролирана од страна на Талибанците. Неговиот татко бил принуден да оди да работи во планините, каде случајно е убиен од сојузничките војници.
Со парите, кои силите на ИСАФ и ги исплатиле на мајка му како надомест, момчето заминува во потрага по европскиот сон, кој на крајот го наоѓа во Шведска.
Друг дел од кампањата се состои од одговори на прашања кои децата треба да ги извлечат од замислено сценарио дека бегаат во друга, туѓа земја по нуклеарна катастрофа во Чешка.
Учениците треба да одговорат дали тие би биле подготвени да прифатат работа која не е соодветна на нивното образование, или дали во новата земја би барале право на глас.
Ново на Сител
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
