Македонија
9. December 2021 - 18:50

Слаби врнежи од снег на патот Тетово – Попова Шапка

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, освен во југозападниот дел каде се бележат слаби врнежи од дожд. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, од село Лисец до Попова Шапка, има слаби врнежи од снег, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.