Еден месец пиел по 10 лименки газиран пијалок, сликата најдобро говори за тоа што му се случило!
Џорџ Приор на свој пример сакал да покаже каков е ефектот од конзумирањето на газиран пијалок.
Џорџ, кој бил во добра форма пред да почне со експериментот, за само еден месец со внесување по 10 лименки газиран пијалок дневно, ја зголемил тежината за неверојатни 13 килограми.
- Апелирам до луѓето да проверат колкаво количество на шеќер внесуваат во себе следејќи одредени начини на исхрана. Луѓето мора да бидат свесни за реалните штети кои шеќерот ги прави во нивниот организам - вели 50 годишниот Џорџ од Лос Анџелес, татко на две деца.
- За 30 дена се здебелив над 11 килограми, имам покачен притисок, а развив и зависност од шеќер по секојдневното внесување на газиран пијалок.
Кога го почнал експериментот, на крајот од октомври, Џорџ тежел 76 килограми. На крајот од ноември тој бил тежок 89 килограми. Кога престанал да пие газиран пијалок, за 4 дена изгубил 5 килограми.
- Многу луѓе кои боледуваат од проблеми со срцето и дијабетес не се свесни дека можат да си помогнат само ако го прекинат внесувањето на премногу шеќер. Експериментот го направив да покажам колку е штетен шеќерот, но не би сакал да го повторам тоа уште еднаш - вели Џорџ Приор.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
