Пандемијата ја поремети исхраната
Паниката која се појави со прогласувањето на ковид пандемијата, се одрази најмногу врз исхраната на населението, покажа истражувањето на доц.д-р Невена Груевска за влијанието на пандемијата врз прехранбената индустрија и навиките за исхрана на потрошувачите. Она што луѓето го направија особено во првите месеци од пандемијата, беше создавањето големи количини резерви на храна. А како на светско ниво, така и кај нас се зголеми и користењето на суплементи за зголемување на имунитетот.
-Се подготвуваа за екстремни услови, се видоизменија навиките кои ги имаа во својата исхрана, се промени и подготвувањето на храната заради ограниченото движење, во голем процент, како на светско така и на истражувањата утврди дека дека се посегна по витамини, антиоксиданси кои ќе влијаат врз зголемување на имунитетот, изјави доц. д-р Невена Груевска, доктор по биотехнички науки.
Како резултат на тоа, кај голем процент од населението се појави и прекумерна тежина заради големото количество на храна која се користеше
-Бевме ограничени во излегувањето и секој посегнуваше по храна за да ја смири таа паника и нервоза која кај дел од популацијата. За жал во нашата земја не се спроведуваше таа здрава исхрана, за разлика од светско ниво каде повеќе од 50% се зголеми правилниот начин на исхрана во тој период на ковид пандемија, изјави Груевска.
Истражувањето беше направено врз поширока популација на лица кои беа на возраст од 30 до 65 години, онаа популација која беше најзасегната, односно која ја набавува и подготвува храната.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
