-->
-->
Ковачки: Цел месец молк за пратката од 1 тон наркотици, дали пратката била придружувана со царински возила?
-->
Целосен молк од страна на надлежните институции за скандалот којшто вчера го објавивме, за шверц на 1 тон наркотични супстанци преку скопскиот аеродром.
Молчи Јавното обвинителство, молчи Оливер Спасовски и МВР, молчи и Царина преку која била пропуштена дрогата на аеродромот.
Нема одговори за скандалот како тоа пратка од 1 тон дрога ги поминала сите безбедносни и царински мерки и незабележливо била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром.
Нема одговори дали на царинските службеници усно или писмено им било наредено да не ја проверуваат пратката на скопската компанија за мобилна галантерија, која пристигнала од Дубаи. Исто така јавноста не доби одговори дали царинските работници под присила ги смениле своите изјави за непостапувањето за оваа пратка, со која во Македонија се внесе 1 тон дрога.
Но овој скандал не завршува со самото пропуштање на дрогата да влезе на територија на Македонија.
Затоа денес ќе изнесеме, односно ќе ги прашаме надлежните институции за овој случај, уште неколку скандалозни постапки од стана на засегнатите институции.
Дали истиот ден откако пратката била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, пратката била товарена во превозни средства и истата била придружувана со царинска придружба со ротациони светла? Повторувам, придружувана од царински службеници со ротациони светла.
Дали истиот ден откако пратката била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, пратката била товарена во превозни средства и истата била придружувана со царинска придружба со ротациони светла? Повторувам, придружувана од царински службеници со ротациони светла.
Дали пратката на влез во Скопје била запрена од страна полицијата и при контрола и претрес е констатирано дека пратката не соодејствува со содржината која била внесена на товарниот лист и царинската декларација, при што истата е запленета?
Дали полицијата при претресот запленила и два мобилни телефонски уреди на македонски царински службеници и дали врз истите се извршени понатамошните истражни дејствија, кои би можеле да укажат во учество во сторување на одредени кривично правни дејствија кои се поврзани со сомнителниот нелегален увоз на стоки и материјали?
Надлежните институции треба да одговорат за инволвираноста на раководните структури во МВР и Царината, како и на царинските работници, како и на полициските службеници, кои не спречиле голем шверц на дрога да влезе во Македонија преку скопскиот Аеродром.
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи по овој случај.
Не смееме да дозволиме и овој случај да биде уште еден од редицата нерасчистени криминални случаи, кој се поврзани со кланот на власт, СДСМ и ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
-

Андоновски: Физибилити-студијата за националниот дата-центар е готова, се бараат финансиски партнери
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната
-

Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании
