Шефот на Фајзер: Луѓето ќе мораат во иднина да се вакцинираат секоја година
– Луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19 во годините што доаѓаат, изјави за Би-Би-Си шефот на Фајзер, д-р Алберт Бурла.
Тој верува дека ова ќе биде неопходно за да се одржи „многу високо ниво на заштита“.
Велика Британија веќе обезбеди дополнителни 114 милиони дози вакцини од Фајзер и од Модерна кои ќе бидат испорачани во следните две години.
Бурла ја даде изјавата за Би-Би-Си пред појавата на Омикрон, првпат идентификуван во Јужна Африка, и пред објавата дека владата во Лондон има потпишано договори за купување на 54 милиони дополнителни дози Фајзер и 60 милиони дози Модерна за 2022 година и 2023 година.
Овие договори вклучуваат пристап до модифицирани вакцини доколку е потребно за борба против Омикрон и идните варијанти, соопшти Министерството за здравство.
Д-р Бурла истакна дека Фајзер веќе има направено ажурирани вакцини како одговор на сојот Бета, исто така идентификуван првпат во Јужна Африка, и Делта варијантата, првпат откриена во Индија.
Компанијата сега работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот Омикрон, која може да биде готова за 100 дена.
Бурла вели дека вакцините помогнале да се спасат милиони животи за време на пандемијата и без нив „фундаменталната структура на нашето општество би била загрозена“.
До крајот на годината, Фајзер очекува да испорача три милијарди дози од својата вакцина а четири милијарди се планирани за следната година.
„Фајзер“ ќе генерира најмалку 35 милијарди долари од продажба на вакцини против Ковид-19 оваа година, а цената на нивните акции се зголемува.
Ново на Сител
-

Baby boom во Прилеп: За 10 часа родени седум бебиња, за два дена вкупно 12
-

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
-

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми
