Комитова: Автобуската несреќа не се случила поради голема брзина, пожарот е еден чуден настан
Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова изјави дека причина за минатонеделната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ не била големата брзина на движење.
– Овде има еден чуден настан – пожар, кој според мене е главна причина за жртвите, рече Комитова, додавајќи дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот.
Таа на брифинг изјави дека до денеска на патот каде што се случи несреќата не се завршени постапките за експропријација. – Градежниците граделе на туѓо земјиште, изјави Комитова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, изготвениот извештај за состојбата на патот уште еднаш потврдува дека не се работи за автопат, туку за експресен пат. Комитова рече дека не може да се тврди дека дозволената брзина на движење од 120 километри на час е главната причина за несреќата.
До датумот на несреќата, завршено е одбележувањето само на централната линија, со задоцнување од околу шест месеци. Означувањето на оваа делница и поставувањето на знаците е доделено на две фирми со ист сопственик. Двете компании требало да ја постават и сигнализацијата. Во 2013 година тие го поставиле знакот за дозволена брзина од 120 километри на час, а заштитната ограда, кога била поставена во 2007 година, ги исполнувала барањата, но од 2021 година, според Комитова, има нови правила.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД