Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани
На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.
Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.
– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.
Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.
Ново на Сител
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија
-
Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери
-
Судот на правдата на ЕУ ја отфрли жалбата на „Гугл“ на казната од 2,4 милијарди евра
-
МВР: Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење како веројатна причина за смрта на мајката и детето во тетовско Слатино
-
Почина Игор Лазарев, советник во општина Центар и претседател на огранокот на Социјалистичката партија
-
Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе нема да рекламираат казина или обложувалници
-
Сите студенти ќе добијат ваучер за набавка на електронски уред, преговорите со ИТ компаниите треба да завршат до крајот на годинава