Мицкоски: Поскапата струја значи поголема инфлација, а тоа значи помал стандард
За да не поскапи струјата, требаат многу пари. Владата најпрвин одвои четири милијарди денари - 65 милиони евра, тие веќе ги потрошија. Ги видовте фактурите што ги плати МЕПСО, фактурата што ја плаќа ЕЛЕМ, секој ден гледаме бидејќи секој ден има тендери. Таа фактура ќе продолжи и во иднина да се плаќа – еднаш на картелското здружение кое фингира ископ а во суштина ништо не работи ќе ја плаќаме како граѓани, а втор пат ќе плаќаме преку сметките, односно преку буџетот бидејќи тоа не се пари кои тие ги носат од дома, туку тоа се пари на народот. Народот ги плаќа во буџетот, народот ги држи во државните резерви и повторно нивната неспособност и криминално здружување го манифестираат со тоа што ги трошат парите на народот.Поскапата струја значи поголема инфлација, поголема инфлација значи помал стандард и тоа сигурно да го почувствуваат на своја кожа Спасовски, Заев, Царовска и останатите, тоа ќе го почувствува народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Аеродром.
Мицкоски вели дека токму поради неспособноста на оваа власт да се справи со енергетската криза потребни се брзи предвремени избори, за да дојдат луѓе кои знаат како да се справат со проблемите бидејќи колку подолго овие луѓе се на власт, толку подолго ќе е поголем криминалот и цената која на крајот ќе ја платат граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
