Османи: Албанскиот јазик го доби своето заслужено место како службен јазик на земјата
Денес го одбележуваме овој ден кој претставува историската точка на подигнување на националната самосвест но и литературното, интелектуално и културолошко обединување на сите Албанци, наведува министерот за надворешни работи Бујар Османи во честитката по повод Денот на албанската азбука.
– Сто и тринаесет години од Битолскиот конгрес кога интелектуалните потенцијали на Албанците од целиот свет се обединија за да ја унифицираат сопствената азбука. Во денешната современа држава, Македонија, албанскиот јазик го доби своето заслужено место како службен јазик на земјата, симболично изразено и преку одбележување на денешниот ден. Афирмацијата на јазичното, националното и духовното наследство на секоја од заедниците во земјава преставува наш современ предизвик на кој заеднички работиме.
Тоа, наведува Османи во честитката, е воедно и нашиот придонес кон европските вредности кон кои се стремиме, градејќи ги со тоа и современите темели на нашата заедничка државата. -Нека ни е честит празникот!, пишува Османи во честитката по повод Денот на албанската азбука.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
