Полицијата вчера казнила 107 возачи во Скопје, од нив 32 возеле пребрзо
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на затворен семафор - црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, две за користење на мобилен телефон, две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта велат од МВР.
Ново на Сител
-
Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април
-
Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
-
Собранието ја почна втората седница
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски