Loading Video...
Бизнис
10. November 2021 - 16:58

Димитров: 65 милиони евра нема да помогнат во справување со енергетската криза

Ќе бидат ли доволни 65 милиони евра за да се “закрпат”  сите дупки во енерегетскиот сектор?  За сега е познато дека од овие пари скоро 10 милиони евра одат кај ЕСМ за да ги покрие фактурите за набавка на струја која ја направи во изминатите неклку дена. Мепсо ќе добие 16 милиони за да ја плати сметката  за влечењето на струја од европската мрежа. Но за да не се зголеми цената за домаќинствата потреби се пари и за поркивање на загубите на Мепсо. Не се знае колку  ќе се издвои  за увозот на јаглен за РЕК  и Осломеј. Унаку Владата првично најави дека за проблемите во енерегтиката ќе бидат распределени 100 милиони евра- пари од ковид мерките.  

4 милијарди денари се префрлени на енергетските компании со цел исполнувањето на обврските со прогласувањето на енергетската криза, во насока на зголемување на домашното производство на струја, како и увоз на потребните количини на јаглен и струја и баланс на енергија и резерви на моќност, со кои ќе се остварат дополнителни приходи и значително ќе се подобри ликвидноста на компаниите. Владата, исто така, планира средства и за помош на граѓаните преку програма за енергетска сиромаштија, чие изготвување е во тек, велат од владата.

Средствата ќе им бидат  распределени на фирмите кога ќе зваршат сите правни процедури.

Според експертите пак сеуште е ранод а се каже дали овие пари ќе бидат доволно, затоа што зимата е пред нас.

Во меѓувреме од ЕСМ соопштија дека за Тец Осломеј засега обезбедени се 130 илјади тони јаглен од планираните 300 илјади. Ќе се носи од Косово и од фирма од Берово. Транспортот  до централата ќе почне за неколку дена и ќе трае се до крајот  на јануари. За останатите 200 илјади тони договорите допрва ќе се потпишуваат и тој ќе се увезуваат од Косово.

-За да стигнат количините на јаглен од Косово дневно ќе треба да влегувата и по 50 камиони од таму. Транспортот  го обезбедува фирмата од таму со кој  е склучен договорот. Очекуваме во недела во фунцкија да биде ставен и вториот  блок во РЕК,  вели за Сител директорот на ЕСМ  Ковачевски.

Инаку владата вчера прогласи кризна сосотјба во енергетиката во времетрање од 30 дена.