Во Битола одбележан Меѓународниот ден на науката
Македонското научно друштво – Битола ќе го одбележи денешниот Меѓународен ден на науката, 10 ноември со одржување Научно-стручен собир. Велат дека овој ден ја нагласува значајната улога на науката во општеството и потребата да се вклучи пошироката јавност во дебатите за новите научни прашања.
-Како што е познато, 10 ноември е Меѓународен ден на науката, кој годинава во светот се одбележува под мотото ,,Иднината на науката, технолoгиjата и иновациите: Влијание врз образованието, вештините и работата“. Македонското научно друштво-Битола, меѓународниот ден на науката ќе го одбележи со Научно-стручен собир на тема „Влијанието на пандемијата врз науката- искуства и примери на професионални предизвици во општеството “, изјави д-р Невена Груевска, претседател на МНД Битола.
-МНД Битола веќе неколку години наназад го одбележува овој ден, давајќи можност на сите оние кои се занимаваат со наука, од различни области, не само членови на МНД туку и пошироко сите стручњаци да ги покажат и прикажат своите трудови, истражувања, сознанија за да можат понатаму да се искористат, да служат не само во понатамошно истражување туку и во практична примена, изјави д-р Сашо Кочанковски, потпретседател на МНД Битола.
Од МНД велат дека како никогаш досега јавноста се сврти кон науката и научните истражувања.
-Мислам дека полека се губат оние чаршиски муабети во однос на секоја сфера и дека луѓето се повеќе имаат доверба во науката. Токму тоа беше и темата на мојот труд, односно да се истражи како пандемијата влиајеше и дали се помести фокусот. Тоа истражување беше спроведено во август и септрември кај 33 научни работници, голем дел од нив напишале до 3 и повеќе од 3 научни трудови за време на пандемијата, но повеќе се насочив кон организизационите науки, управуавњето и менаџментот затоа што голем дел од организациите продолжија да работата во пандемијата во домашни услови, изјави д-р Лидија Стефановска, претседател на организационен одбор на научно-стручниот собор.
На научниот собир пријавени се 17 трудови, односно 28 автори.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
