Повеќе од четири милиони Израелци примиле засилувачка вакцина против Ковид-19
Повеќе од четири милиони Израелци ја примиле третата засилувачка доза вакцина против Ковид-19, што се смета за пресвртница во напорите на Израел „бустер” дозата да ја прими најголемиот дел од популацијата што може да се имунизира.
Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека 4.001.031 од речиси 9,5 милиони жители добиле засилувачка доза, а 5,7 милиони Израелци примиле две дози.
Во август, Израел беше првата држава во светот што започна со вакцинација со третата доза во обид да го спречи ширењето на Делта варијантата на коронавирус, кога беше откриено дека заштитата што ја нудат првите две дози исчезнува по пет месеци.
Во октомври беа објавени резултатите од големото истражување кое покажа дека третата доза била 92 отсто ефикасна во спречување сериозно заболување во споредба со оние кои примиле само две дози од вакцината „Фајзер/Бионтек”.
Во Израел сега се размислува за одобрување на вакцината за деца од пет до 11 години, а во случај да биде одобрена, родителите ќе одлучат за вакцинација и таа нема да биде задолжителна.
Во таа земја, околу 650.000 луѓе кои можат да ја примат вакцината сè уште не се имунизирани со ниту една доза, а 1,1 милион кои можат да примат засилена доза допрва треба да ја примат.
Се верува дека засилената доза во голема мера му помогнала на Израел да го надмине четвртиот бран на инфекција со коронавирусот, јавуваат израелските медиуми.
Во понеделник се регистрирани 563 нови случаи на зараза, а пред речиси два месеца имало по 5.000 и 6.000 дневно.
Од почетокот на пандемијата починале 8.130 Израелци.
Ново на Сител
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање