Димитриевски на средба со противкандидатите: Ќе инкорпорираме заедничка програма за Куманово
Суштинските проекти од програмите на сите кандидати за градоначалници во Општина Куманово ќе се инкорпорираат во една заедничка програма и во следните четири години ќе се имплементираат.
Ова беше договорено на средбата на кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, кој денеска се сретна со кандидатите за градоначалници на Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и Беким Салиу од АА/А.
На средбата се разговараше за реализацијата на проектите со кои противкандидатите настапија на Локалните избори 2021, подобрување на општината, како и за подобар квалитет на живот на сите кумановци.
– Куманово се одважи и покажа заедништво, ова е патот по кој мора да се движиме. Тоа им го должиме на граѓаните, на себе и на нашите деца. Ветувам работење исклучиво во интерес на сите граѓани, затоа што граѓанскиот интерес е пред сè! Општината и во следните четири години е отворена за сите граѓани, организации, институции, за сечија идеја и делување за подобрување и унапредување на Куманово, напиша Димитриевски.
Дополни дека Општината секогаш ќе биде отворена и за неговите противкандидати, затоа што, како што пишува „за интересите на граѓаните мораме да бидеме обединети и сложни“.
Ново на Сител
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади