По 30 години натпревар во стрелаштво во Битола
Стрелачкиот клуб „Пелистер“ од Битола после 30 години ја возобнови традицијата на одржување на натпревар по стрелаштво по повод 4 ноември, ослободувањето на Битола. Иако оваа година натпреварот не влезе во официјалната програма за одбележување, се надеваат дека во наредните години овој натпревар ќе стане традиција како атлетската трка, велосипедизмот и шаховскиот турнир.
-Од кои причини се прекинало пред 30 години не знаеме, решивме да ја започнеме повторно традицијата за натпревари во стрелаштво бидејќи Битола го има и првакот во Југославија во стрелаштво. Заедно со поддршка од Македонската стрелачка федерација и неколку фирми од градот, бидејќи не не воведоа во програмата одлучивме да го одржиме натпреварот во соработка со Сојузот на училишни спортови и Сојузот на спортови Битола, изјави Сашо Стојаноски, претседател на СК Пелистер - Битола.
Младите основнци во голем број покажале интерес да бидат дел од овој градски стрелачки натпревар.
-Се надеваме дека в година ќе ја продолжиме традицијата во соработка со општината, се надеваме дека ќе влеземе во програмата бидејќи има интерес кај децата. Во саботата на 30.10 имавме пробно по училиштата, за да се изврши избор за децата, рече Стојаноски.
-На покана на Стрелачкиот клуб „Пелистер“, Општинскиот сојуз на училишен спорт се јави со дечиња од основното образовани, за чудо, имаше голем интерес, се пријавија 90 деца за општинскиот натпревар во стрелаштво, изјави Михајло Трампевски, општински сојуз на училишен спорт.
Учествуваа околу 60-тина ученици од основните училишта во Битола во машка и женска категорија во стрелање со воздушна пушка.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
