Проодни сите улици во општина Ѓорче Петров
Комуналните екипи во општина Ѓорче Петров денеска во раните утрински часови фрлиле 31 тон сол и песок на критичните места на улиците во општината.
Како што соопштија од општината, сол е фрлена на најкритичната точка, надвозникот пред населбата „Даме Друев“, за непречено да се одвива сообраќајот на улицата „Лука Геров“. Фрлена е сол и на патиштата кои во зимски услови се проблематични и на кои може да дојде до застој на сообраќајот заради голомразица. Сол е фрлена на улиците што водат кон селата Кучково и Никиштане.
- Во раните утрински часови веќе беа проодни сите патишта. На одделни места на патот кон селото Кучково имаше и снежни намети кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот, но тие беа навремено отстранети, се наведува во соопштението на општината.
Од општината апелираат до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патиштата.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња