Македонија
29. October 2021 - 21:16

Дали гласањето во недела ќе се одвива побрзо и без проблеми, какви што имаше во првиот круг?

Индетификација со отпечаток од прст да се врши не повеќе пати туку само по еднаш со двата показалци, а во објектите каде има повеќе избирачки места, избирачките одбори да воспостават ред за да не се создаваат гужви-ова се дел од препораките кои ги донесе ДИК два дена пред стартот од вториот изборен круг, а осврнувајќи се на искуството од првиот, кога како главен проблем беше токму нефункционалноста на уредите за отпечаток од прст, што придонесе гласањето на некои места да се одвива бавно, а дел од гласачите да се откажат од остварување на своето право.

Освен новите, остануваат и старите препораки во случај да има гужви. Членовите на избирачките одбори  за излезноста треба преку телефон да ја информираат општинската изборна комисија.

Во пресрет на вториот круг, ДИК ги повика граѓаните масовно да излезат и да го остварат своето право на глас, а политичките партии долесно да го почитуваат изборниот законик и изборниот молк.