Двајца пациенти од Штип и Кочани починаа во штипскиот Ковид центар
Педесет болнички кревети се исполнети во штипското Инфективно одделение, а за 24 часа инфектолозите имале и 70 дневни прегледи.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека вчера имаат примено девет пациенти заразени со коронавирусот, а 37 се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение се хоспитализирани шестмина пациенти, кои чекаат да заминат на домашно лекување. Двајца пациенти од Штип и Кочани на возраст од 66 и 46 години ја изгубија битката со вирусот во Ковид центарот.
Во штипскиот вакцинален пункт трета доза досега примиле 1.650 граѓани, кои вообичаено биле имунизирани со кинеските вакцини.
Дијана Коцева-Миланова координатор на вакциналниот пункт во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип за МИА вели дека дневно за бустер дозата имаат од 200 до 300 пациенти, додека за прва доза дневно им се јавуваат над 20 граѓани. Коцева-Миланова информира дека утре вакциналниот пункт нема да биде отворен, со работа продолжуваат во понеделник.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи