Ѓурѓај ги повика Македонците од Албанија да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана Никола Ѓурѓај, пред неделниот втор круг од Чокалните избори во Македонија, ги повика Македонците од Албанија да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани, браќа и сестри, Македонци од Република Албанија со право на глас во татковината Македонија, на 31-ви октомври ве повикувам масовно да излезете и да ги поддржите кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Барам од Вас масовно да ја дадеме поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за една нова и поубава иднина за татковината Македонија. Со почит, Никола Ѓурѓај, стои во повикот.
Тој потсетува дека во знак на поддршка деновиве остварил средба со доктор Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид, на која го информирал за положбата на Македонците во Република Албанија и проблемите со кои се соочуваат, како и за активностите на друштвото.
-Пецаков, како иден градоначалник на Охрид, искажа подготвеност за продлабочување на соработката, зголемување на помошта и поддршка за друштвото, за весникот „Илнден“ и за Македонците во Албанија, во рамки на можностите, се наведува во објавата.
Според него, тој исто така ветил дека посебно внимание и грижа ќе посвети за македонските ученици и студенти од Албанија, а кои средно и високо образование следат во училишта и високо образовни установи во Охрид.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
