Герасимовски: Двојно повеќе лица ќе добијат нега во домот и ќе ги посетува матичен лекар
Четири нови пензионерски домови најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Се проширува и услугата Центар се грижи за возрасните кои ги опфаќа лицата над 60 години и се зголемува помошта за лицата со најниски пензии.
„Возрасните лица во општина Центар се високо поставени на листата на приоритети затоа што негата и грижата за возрасните е наша должност која треба да ја возвратиме кон оние кои цел живот се грижеле за нас. Затоа во општина Центар ќе отвориме четири нови пензионерски клубови во Капиштец, кај Универзална сала, во Крњево и Кале. Така пензионерите во нашата општина ќе добијат и повеќе активности за социјализација и дружење и преку различните активности ќе го збогатуваат своето секојдневие. Натпреварите кои се одржуваат на ниво на град Скопје во шах, пикадо, табла ќе ги развиеме и истите ќе ги поддржиме со награди“, изјави Герасимовски.
Двојно се зголемува и негата за стари лица во домашни услови преку проектот Центар се грижи за возрасните. Па така покрај бесплатната нега од сертифициран негувател, медицинска сестра, физиотерапевт и социјален работник пензионерите кои ја користат услугата ќе ги посетува и матичен лекар еднаш во месецот.
Притоа Герасимовски најави и зголемување на часовите за користење на негата во текот на неделата и вклучување на административна помош.
„Вклучуваме административна помош за лицата кои не се во можност да ги извршат банкарските услуги и на располагање ставаме и мобилни административни тимови од општината кои по барање или телефонски повик ќе ги посетуваат домовите на возрасните со цел да им помогнат околу документацијата за извршување на општинските услуги“ изјави Герасимовски.
Тој најави и зголемување на бројот на социјални пакети за пензионерите со што во иднина секој месец општината ќе доделува околу 200 пензионерски пакети за 200 пензионери со најниски примања во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар.
„Нашата цел е највозразните членови во општината безгрижно да уживаат во својата старост“, изјави Герасимовски.
Ново на Сител
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани
-
Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста
-
Собрани 43.149.360 денари за семејствата на настраданите и повредените, велат од Црвен крст
-
Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, ставот на Унгарија може да стане мнозински
-
Меѓународниот балкански универзитет одржа комеморативна програма за жртвите во пожарот во Кочани