Викендот помалку тестирани и заболени од коронавирус
Викендот како и минатите саботи и недели бројот на тестирани и заболени од коронавирусот значително намален под 10 проценти на позитивни од Ковид-19 од тестираните. Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина.
За разлика од работните денови кога процентот на заболени од коронавирусот се движи над 10 до 15 отсто од тестираните, во неделата на изборниот ден, регистрирани се 107 позитивни на SARS CoV-2 од 1667 тестирани, односно 6,4 проценти.
Министерството за здравство во вчерашниот извештај регистрира и 247 оздравени пациенти, а пријавени се 19 починати лица или вкупно од почетокот на пандемијата 6.964 починати од коронавирусот.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека во ЕУ повеќе од 75 проценти од возрасните граѓани се веќе целосно вакцинирани против Ковид-19.
Таа додаде дека до вчера, ЕУ извезла повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 150 земји во светот. ЕУ е најголемиот извозник на вакцини, рече претседателката на Еврокомисијата. Според неа, секоја втора вакцина произведена во Европа била за извоз.
Фон дер Лајен објасни дека целта е до следната година 70 проценти од луѓето ширум светот да бидат вакцинирани против новата болест. Таа потсетува дека Ковид-19 може да се победи само со борба насекаде и најави дека ЕУ ќе донира најмалку 500 милиони дози за најзагрозените земји во следните неколку месеци.
Портпаролот на ЕК во меѓувреме соопшти дека во Унијата досега се издадени 591 милион ковид-сертификати.
Комисијата денеска го усвои извештајот за Дигиталниот сертификат за ковид на ЕУ и неговата имплементација низ ЕУ. Извештајот покажува дека сертификатот на ЕУ е клучен елемент во одговорот на Европа на пандемијата на Ковид-19, со генерирани повеќе од 591 милион сертификати.
Податоците на ЕК покажуваат дека сертификатите придонеле за двојно зголемување на бројот на цивилни летови во јули во споредба со истиот месец минатата година. Според портпаролот, европските сертификати се признаваат во 43 земји, од кои 16 се надвор од ЕУ. Тој додаде дека 60 странски земји сакаат да се поврзат со европскиот систем за сертификатите за да обезбедат меѓусебно признавање со нивните сертификати за вакцинирани, прележани и тестирани.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра