ДИК: Од вкупно обработени 73,1% од податоците до 11 часот гласале 10,22%

Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 процент од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска.
Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, по што следат Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17.51 отсто…
Најмала излезност до 11 часот има во Врапчиште со 4,92 проценти.
Таа информира дека на одредени избирачки места имало прекини на гласањето поради лошо ракување со уредите за биометриска идентификација, лош квалитет на базата на отпечатоци или проблеми, кои како што рече, се надминуваа во тек. Додаде дека најчест проблем било непрепознавање на отпечатоците на гласачите во уредот.
-Во Изборниот законик и во упатството на ДИК и во останатите подзаконски акти е предвидено во таков случај постапката продолжува со скенирање на личниот документ на гласачот во самиот скенер, кој е во рамки на уредот за биометриска идентификација на гласачите или со внесување на единствениот матичен број на гласачот, појасни Гугучевска. Додаде дека избирачките одбори од ДИК добиле инструкција редовно да го чистат скенерот каде се остава отпечатокот од прст, а гласачите да притиснат повеќе кога го оставаат својот опечаток на самиот скенер.
Според упатството на ДИК, гласачот два пати се обидува со отпечаток на прст на уредот, доколку не се наоѓа совпаѓање тогаш Избирачкиот одбор продолжува со скенирање на личниот документ или со внес на матичен број го пребарува гласачот.
Гугучевска информира дека во оние избирачки места каде има технички проблеми со уредите за биометриска идентификација и во тие места е извршена замена на уредот, префрлање на податоците и гласањето продолжило. ДИК има над 500 резервни уреди. Во неколку избирачи места поради неможност да се поправи или замени уредот за биометриска идентификација, се продолжило и со стариот начин на гласање.
Во одговор на новинарско прашање Гугучевска наведе дека во ДИК досега немаат информација за прекин на гласањето кој трае повеќе од три часа.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
