Протокот на лава од вулканот на Ла Палма станува посилен и побрз
Протокот на лавата од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска стана посилен и многу побрз, јави ДПА.
Вулканолошкиот институт на Канарските острови, Инволкан информира за „цунами од лава“, коментирајќи видеа од вулканот. Сепак, геологот Хозе Мангас, професор на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Канарија, нагласи дека оваа слика е донекаде искривена.
– Во овој случај, не можеме да зборуваме за цунами, туку за текови на лава, со температура од повеќе од 1.200 степени Целзиусови, кои течат многу брзо поради стрмниот терен, изјави тој за државниот ТВ канал РТВЕ.
Вулканот еруптираше на 19 септември за прв пат по 50 години. Ерупцијата стана поинтензивна во последните денови, со повторени експлозии што фрлаа магма во воздухот, а чад се крева и до неколку километри висина.
Експертите велат дека не е можно да се предвиди кога ќе запре ерупцијата.
Ново на Сител
-

Салах по првата победа на СП: Неверојатно е, не знам како да го опишам чувството со зборови
-

Ѓорѓиевски: Улиците се перат континуирано, Скопје добива поубав и поуреден лик
-

САД и Иран формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан
-

СП 2026: Прва победа за Египет
-

Експлозија во терминал за извоз на природен гас во Катар, повредени се 54 лица, 18 се водат како исчезнати
-

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час
-

Премиерот Мицкоски на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите
-

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје
