Почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание
Во Прилеп вечерва почнува одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание и 80-годишнината од овој настан кога во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна.
Според програмата, во 18 часот на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна од 1941-1945, Никола Стојановски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Празничната програма потоа ќе продолжи со настап на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година.
Свеченостите по повод 11 Октомври продолжуваат утре кога во Прилеп во 9 часот делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор и на гостите од странство ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.
На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.
Празникот ќе биде одбележан и во Скопје и во Куманово.
Во Скопје, чествувањето ќе започне во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел во 09:30 часот. На свеченостите во Скопје ќе се обратат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945, Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски.
Во Куманово, пред Спомен костурницата во градот, цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.
Ново на Сител
-
Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
-
Инфлацијата во еврозоната расте помалку отколку што беше првично проценето
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег