Мицкоски за Сугарески: Тоа што го гледате кај Заев е собрано дупло кај него
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Прилеп одговарајќи на новинарски прашања во однос на коментар за кандидатот на власта за градоначалник на Прилеп истакна дека Сугарески е олицетворение на Зоран Заев, олицетворение на транзицијата и сите оние лоши работи на кои се сеќаваме.
„Па зарем тој предлог заслужува било каков коментар но еве ќе бидам краток. Тој е олицетворение на Зоран Заев, тоа што го гледате кај Зоран Заев е собрано и би рекол двојно повеќе експонирано кај кандидатот на власта овде во Прилеп на поранешниот пратеник, шеф на пратеничка група, па малку министер, па малку директор во царина, сега кандидат во обид за градоначалник на Прилеп, Сугаревски. Тој е олицетворение на транзицијата, тој е олицетворение на сите оние лоши работи по кој што ние се сеќаваме во нашето детство и во нашата младост, бидејќи тој мислам дека единствено може да и конкурира на Шекеринска отприлика толку време е активен и присутен на политичката сцена но мислам дека овој пат односно да бидам попрецизен сигурен сум дека ова е неговиот последен обид да колку толку живогребно се одржи и да опстане на политичката сцена која што за него претставува начин како да се богати, бидејќи погледнете тука во Прилеп што прави со кои луѓе се дружи и кои се негови најблиски другари ќе ви стане јасно за каков лик, за каков човек станува збор“, истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси