СДСМ: Грижата за здрава животна средина е врвен приоритет на СДСМ – Зелената агенда 4 години е на сила, тоа е најдоброто
Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење.
Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.
Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ.
За таа цел, продолжува набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.
Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.
Само со СДСМ која го носи најдоброто продолжуваат инвестициите во одржливиот развој на општините кој носи баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, на тој начин еднакво ќе ги развиваме сите општини во нашата татковина.
Дополнително, продолжуваме и со инвестициите во алтернативни извори на енергија, во поставувањето фотоволтаици на покривите на јавни објекти.
Нашите мерки и политики за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, ќе започне изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија и трајно ќе се решаваат децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлање на ѓубре и смет.
Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики, со инвестиции за унапредување на квалитетот на животната средина и развој на сите општини во државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
