Извозот зголемен за 31.5, а увозот за 34 отсто
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4 562 214 000 евра и бележи пораст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 250 832 000 евра, што е зголемување за 34 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 1 688 617 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 73 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари – август годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.
Ново на Сител
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев
-
Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
-
ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење
-
Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје