Најмалку 20 лица загинаа во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 лица загинаа, а околу 150 се повредени во земјотресот што утрово ја погоди пакистанската провинција Белучистан, пренесуваат тамошните медиуми.
Пакистанските власти соопштија дека бројот на жртви може да се зголеми и дека многу луѓе загинале при уривање на дотраени згради, меѓу нив и голем број жени и деца.
Американскиот геолошки завод објави дека се работи за земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Спасувачките операции се уште се во тек, а локалните власти изјавија дека се претпоставува дека се повредени најмалку 150 луѓе, а неколкумина се итно префрлени во болница во критична состојба.
Повеќе од 100 куќи се урнаа, а голем број згради беа оштетени, оставајќи стотици луѓе без покрив над главата, а итните служби се на терен, потврдија локалните власти.
Ново на Сител
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
