СЗО: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакцини
– Околу 1,6 милиони дози на вакцини против коронавирус во Авганистан мора да се искористат што е можно побрзо, затоа што наскоро им истекува рокот, соопшти Светската здравствена организација.
Меѓународната организација истакна дека од почетокот на август, тестирањето и вакцинацијата против Ковид-19 во земјата се значително намалени.
И покрај сите тешкотии на теренот, СЗО соопшти дека продолжува да работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми нивото на тестирање и вакцинација против коронавирусот. Целта на организацијата, меѓу другото, е вакцинацијата да опфати најмалку 20 проценти од 32 милиони луѓе во земјата.
СЗО соопшти дека испратиле медицински пакети до две болници во Кабул, како и до нејзините регионални канцеларии, за да се задоволат потребите на 50.000 луѓе. Од август, организацијата испрати лекови и медицински материјали во 360 медицински установи во Авганистан, исполнувајќи ги потребите на околу 3,9 милиони луѓе.
Претходно, СЗО соопшти дека здравствениот систем во земјата е пред колапс и оти се потребни итни мерки. Според СЗО, девет од 37 болници што лекувале заболени од Ковид-19 се затворени во септември, а илјадници здравствени работници во земјата се без плата со месеци.
Авганистанската телевизија Толо њуз објави дека повеќе од 151.000 луѓе биле заразени со коронавирус во земјата до вчера. Од почетокот на пандемијата, околу 7.000 луѓе во Авганистан починаа како резултат на болеста.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро