Експерти: Поради делта варијантата можеби ќе треба 90 проценти од луѓето да се вакцинираат
Повеќе претставници на здравствените власти во САД сметаат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19.
Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија функционери за USA Today во извештај објавен вчера.
– Она што го научивме од делтата и гледаме зад делтата е … дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде 90 проценти, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд.
Слично мислење има и доктор Ерик Топол од истражувачката група Скрипс.
– Сега ни требаат 85 до 90 проценти вакцинирани против делтата, рече Топол за USA Today.
Доктор Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, во мај рече дека уште еден бран на инфекција на есен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението.
Околу 56,5 проценти од населението во САД е целосно вакцинирано против Ковид-19, покажуваат статистичките податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс. Повеќе од 185 милиони Американци се вакцинирани со двете дози.
Повеќе од 12 милиони луѓе во Њујорк се вакцинирани со две дози, што е околу 63,74 проценти од населението.
Во моментов, сите Американци постари од 12 години можат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата