ВМРО-ДПМНЕ: Никој пред Заев не го отворил прашањето со Бугарија на ваков начин
Не е храброст се што ќе му стават на маса да потпише, Заев нека се замисли зошто до сега никој пред него не постигна договори како него.
Го молиме Заев да не биде храбар, зошто кога е тој храбар граѓаните глава ги боли.
Ниту еден државник во изминативе 30 години не отвораше воопшто прашање со Бугарија затоа што тоа е негирање на македонската нација, јазик и историја. Ниту Глигоров, ниту Кљусев, ниту Трајковски не потпиша договор со Бугарија каков што Заев потпиша.
Нека ги праша Заев советниците околу него зошто до сега нема договор со Бугарија, и зошто до сега никој не го потпишал, а ако тие не сакаат да му кажат, еве му го одговорот, затоа што никој до сега не сакаше да ја понижи нацијата како што тоа го прави Заев, неговата храброст е себепонижување на Македонците.
Заев само треба да ја почитува Декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја поддржаа сите парламентарни партии, вклучително и СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
