Јакимовски: Владата да и го додели комплексот Етно село во Нерези на Општина Карпош

Владата да и го додели комплексот Етно село во Горно Нерези на Општината Карпош, повика денеска кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Јакимовски нагласи дека е жално да пропаѓа таков објект кој може како да се искористи во интерес на граѓаните на Карпош, но и на цела држава.
Со повторното враќање во живот на Етно село, според него, не само што ќе се зголеми бројот на домашни и странски туристи во Општината, туку и ќе се придонесе за нови вработувања.
– Не е ли жално на толку вложени народни пари овој објект да биде затворен? Да не биде на туристичката мапа на Карпош, на Скопје и на Република Македонија? Педесетина луѓе да ги изгубат своите работни места? Ако Владата на Република Македонија не е подготвена да го стави објектот во функција, да го доделат на Општина Карпош. Сакаме овој објект да го ставиме во функција, да биде во интерес на граѓаните на Карпош и на Скопје. Да биде интересен објект за туристите кои доаѓаат овде во
нашиот град и во исто време да креираме нови педесетина работни места, вели Јакимовски.
Ново на Сител
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
