Шилегов: Се олеснува метежот во Скопје со новиот мост на булевар АСНОМ кој ќе биде отворен за еден месец
Привршуваат градежните работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според планот треба биде пуштен во употреба во текот на наредниот месец. Мостот е веќе споен по интензивните градежни работи од двете страни на реката Вардар, соопшти прес-службата на кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов.
– Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини, наведуваат во соопштението.

Мостот на булевар АСНОМ, додаваат, се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали.
– Кога зборуваме за функционален и поврзан град, зборуваме за нови мостови. Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот го завршуваме есенва, а другиот штотуку го започнавме. Вардар нема да го дели Скопје, туку ќе го спојува, вели Шилегов.
Новиот мост, се вели во соопштението, има шест коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На новопробиениот булевар и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот ќе го краси и дрворед, кој ќе биде засаден од двете страни.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
