Костадинов: Вратата од мојата канцеларија ќе биде вистински отворена за сите Струмичани
Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ Костадин Костадинов вечерва на централниот митинг пред неговите струмичани порача дека како градски татко на општината планира оперативно и теренски да се зафати со секојдневните проблеми на жителите во градот и општината, како и активно да работи за иден развој и напредок.
– Пред сѐ, верувам дека со квалитетен, посветен и амбициозен тим можеме да ги реализираме сите цели кои ќе ги поставиме за уште подобра Струмица. Затоа, покрај мене во претстојниот период, а и понатаму во менаџирањето со градот и општината, одбирам да стојат вистински професионалци со кои секојдневно ќе бидеме во служба на потребите на граѓаните. Одбирам да работам со луѓе кои пред сѐ се полни со љубов за нашата Струмица. Еднакви права и можности треба да уживаат сите жени, мажи, момчиња и девојчиња во сите аспекти на нивното живеење – општествени, политички, правни и економски. Жените не се само предодредени да бидат мајки, сопруги, туку континуирано влегуваат во сите пори на општеството, што е за вистинска почит и охрабрување. Токму ова е причината мојот тим да е родово балансиран, порача Костадинов.
Како градоначалник, рече тој, вратата од неговата канцеларија ќе биде вистински отворена за сите Струмичани, без исклучок и дека преку директна партиципација на секој поединец во креирањето на локалните политики со идеи и сугестии ќе напредува општината.
Најави дека клучни проекти кои ќе ги реализира се Чешел пазар, нова противпожарна станица, Булевар по “Св. Илија“ низ касарната, Булевар “Братство и Единство“ кон Агроберзата, Булеварска делница, во правец на булеварот “Климент Охридски“ кон Жито Струмица, кон бензинската пумпа на “Макпетрол“ и кон Кукли, Дом во Банско и во Куклиш, нов градски пазар, реконструкција на нашиот градски плоштад !Гоце Делчев“ и за младите, современ адреналински парк на ридот над Струмица.

Пред струмичани се обрати и носителот на советничката листа Маријан Даскаловски рече дека е човек за секој кој е човек кон него и дека подава рака кон секој кому му е потребна помош или поддршка.
-Тоа сум јас и затоа со гордост ќе ги штитам интересите на граѓаните, заедно со сите останати , во новиот состав на Советот на општина Струмица, и се разбира заедно со новиот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Тоа е победничката опција. Тоа е најдоброто за нашата општина, додаде Даскаловски.
Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
