Изменет сообраќаен режим во Скопје на 22.09.2021 (среда)
На 22.09.2021 (среда) со почеток од 11.00 часот, во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11.00 часот до завршување на настанот ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
