МОН: Повторени конкурсите за стипендии за ученици во дуални паралелки и во тригодишно стручно образование
Министерството за образование и наука информира дека објави повторени конкурси за доделување на стипендиите наменети за ученици кои се запишани во дуални паралелки и за стипендиите за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование заради целосна распределба на фондот на ученички стипендии предвидени за оваа учебна 2021-2022 година.
Во Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен фонд на часови, се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1500. Може да аплицираат редовни ученици запишани во дуални паралелки, кои не повторувале година, не се корисници на стипендија од друг давател и се државјани на Република Македонија.
Во Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование предвидено е да бидат доделени 390 стипендии – за редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, кои се државјани на Република Македонија, немаат повторувано година во текот на образованието и не се корисници на стипендија од друг давател. Во првичниот конкурс за овој тип на стипендии беа предвидени вкупно 500.
Учениците кои ги исполнуваат условите за стекнување на правото на користење на еден од понудените два типа на стипендија, треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука најдоцна до 30 септември 2021 година, во периодот од 8 до 16 часот.
МОН ги посочува и контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите вработени во Министерството за дополнителни информации и поддршка.
– Овие два типа стипендија првпат се воведени годинава, како резултат на заложбите за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, приближување на неговите придобивки кон младите и нивна стимулација за упис во средни стручни училишта. Износот на стипендијата е 3.500 денари месечно, а се исплаќа девет месеци во годината, информира Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
