СДСМ: Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014
Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра.
Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал кога зборува за градби треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра.
70 години една плочка не се смени во Клинички вентар, 11 години ВМРО ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес конференција што се ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра.
Наместо лажни вести и дезинформации Николов и ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол