Кундерс: Слободни и фер избори во април, како и реформските приоритети на ЕК се клучни за Македонија

Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, синоќа пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Холандското претседателство со Европската унија во претстојните шест месеци, при што говореше и за процесот на проширување и учеството во истиот на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Кундерс, кој невообичаено за политичар од земја што ја условува македонската држава со нејзиното уставно име, во Европарламентот ја користеше навредливата кратенка „БЈРМ” и притоа порача дека Советот на ЕУ смета дека „имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули и слободни и фер избори во април 2016, како и имплементацијата на итните реформски приоритети на Еворпската комисија се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем”.
- Кога станува збор за процесот за асоцијација и стабилизација со БЈРМ, ние сериозно сме загрижени од кршливата политичка состојба што влијаеше и на реформскиот процес на пристапување кон ЕУ. Знам дека овој парламент и неговите членови беа и повеќе од активни во помагањето, не само да оценат, туку и да ја разрешат оваа ситуација во БЈРМ. Имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули слободни и фер избори во април 2016, како и имплементацијата на итните реформски приоритети на Еворпската комисија, според нас се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем - порача холандскиот шеф на дипломатијата и претседавач со Советот на ЕУ до крајот на јуни оваа година.
Во однос на целиот процес на проширување на Европската унија, кој во времето на претседателствување на Жан-Клод Јункер со Европската комисија е „замрзнат“ најмалку до 2019 година, Берт Кундерс порача дека целта на Холандија како претседавач со Унијата е „да се осигура дека кандидатските земји се целосно подготвени за да ја превземат сопствената одговорност како држава-членка кога ќе и се приклучат на ЕУ”.
- Треба да се знае дека и самата ЕУ треба да биде во состојба да ја интегрира таа нова членка. Затоа, претседателството дава голема важност на кредибилитетот на целиот овој процес и ние ќе се држиме до принципот на условеност и на индивидуалните заслуги, истакна Кундерс.
Министерот за надворешни работи на Холандија посочи и дека динамиката на преговорите за пристапување ќе биде поставена од страна со прогресот на самите кандидати, преку исполнување на основните реформи, посебно во клучните области како владеењето на правото и основните права. Тој посочи дкеа Холанѓаните го нарекуваат ова стриктно, но фер.
- Стриктно, бидејќи тоа значи дека сите услови треба да бидат исполнети, без „но” и „или” и кандидатските самите земји имаат одговорност во исполнувањето на критериумите. А, фер значи дека кандидатските земји се помогнати од ЕУ на сериозен начин, според нивните потреби и почитуваните политички случувања, преку техничка и финансиска помош за ралзичните процеси на реформа и промени. Но, тоа значи дека ЕУ мора да ги задржи своите ветувања и да одлучи позитивно кога земјата ги исполнува критериуите да премине во следниот чекор на процесот на проширување, додаде Берт Кундерс.
Според заклучокот на последниот Самит на Европскиот совет во декември минатата година, ЕУ ќе се наврати на прашањето за овозможување на почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Унијата, откако Еврокомисијата ќе издаде вонреден извештај по предвремените парламентарни избори во земјата во април годинава, како и исполнетите барања во однос на итните реформски приоритети што неформалната Влада на ЕУ и ги испорача на Македонија пред шест месеци.
Ново на Сител
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
-

По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк
-

Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
-

Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч
