Стартуваше изградба на локалниот пат Делчево – Тработивиште
Почнаа градежните работи за изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште. Патот како што информираа од Општината е проектиран за изградба во должина 5,3 километри, а моментално се работи на расчистување на трасата.
– Согласно со проектот на оваа делница која е значајна за жителите од село Тработивиште и село Разловци, но и за Делчево, ќе се изгради и инсталација за одводнување со отворен канал и пропусти. Изградбата на овој локален пат е во рамките на „Проектот за поврзување локални патишта во РМ”, информираа од Општината.
Покрај изградбата на овој локален пат, во рамките на овој проект на Општина Делчево се доделени вкупно 781.000 евра, средства со кои во првата фаза ќе се изгради и реконструира патна инфратсруктура во Делчево во должина од 6,1 километри.
– Проектот опфаќа реконструкција на ул „Орце Николов“ во должина од 500 метри со изградба на тротоари, реконструкција на ул. „Скопска“ во должина од 250 м. со изградба на тротоари, реконструкција на дел од ул „Острец“ во должина од околу 50 метри, со изградба на потпорен ѕид и тротоари, кој претставува црна точка во сообраќајот, додадоа од Општината.
Проектот за поврзување локални патишта во РМ, Министерството за транспорт и врски го реализира со финансиска поддршка на Светска Банка.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана