Осуда од ЕУ за притворањето на пет лидери во Крим од страна на Русија
Дипломатската служба на ЕУ денеска реагираше за притворањето на пет кримски лидери од страна на Русија како и уште педесетина активисти.
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, преку писмена реакција се огласи попладнево за акцијата спроведена во Крим од страна на руските власти на 3 и 4 септември која резултираше со притвор за над 50 лица на Крим.
Тој нагласи дека овие притвори се сметаат за нелегални според меѓународното право и дека ЕУ ги оценува како политички мотивирани.
ЕУ не ја признава анексијата на Крим од страна на Русија и бара сите нелегално затворени Украинци да бидат ослободени без одлагање.
-Кримските Татари и натаму се мета во Крим. Европската Унија ја повикува Руската Федерација да ги исполни своите обврски согласно меѓународното право и да стави крај на нарушувањето на човековите права на жителите на Крим, изјави Борел.
Европската Унија ја повтори денеска својата “недвосмислена поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признаените граници“ и истакна уште еднаш дека нема да го признае Крим како дел од Русија.
Ново на Сител
-

Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
