СДСМ: Владата на СДСМ изгради и обнови 60 градинки, Владата на ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици
СДСМ во изминатите четири години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард, а пред се грижата за најмалите
Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилипното воспитание и образование.
Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на забот на времето.
Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безобразното трошење на народните пари.
СДСМ изгради и обнови 60 градники, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.
Граѓаните добро знаат дека со СДСМ парите се враќаат кај граѓаните, а со ВМРО-ДПМНЕ завршуваат како провизии во џебовите на нивните функционери.
Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов седми пораз од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН
-
Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот