САД: Близначиња пронајдени мртви - цели 9 часа поминале во автомобил на паркинг пред градинка

Две 20-месечни близнаци биле најдени мртви во автомобил на паркинг во Јужна Каролина.
Како што јавуваат западните медиуми, најверојатно поминале повеќе од девет часа во автомобилот на паркинг пред градинка.
Еден од родителите ги пронашол на задните седишта. Малите Брајсон и Брејден МекДаниел во возилот најверојатно биле од изутрината и починале од преголемата топлина во возилото.
-Родителите се вознемирени, изјави вештакот Надија Ратерфорд на прес-конференција.
Температурите вчера во Колумбија надминале 27 степени Целзиусови.
Истражителите не ги именувале родителите, велејќи дека не сака да ги криминализира доколку се утврди дека се работи за несреќен случај.
-Не можеме да зборуваме за тоа како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ако се покаже дека е несреќа, на семејството треба да му се даде мир. Но, ако тоа било злосторство, ќе сториме сѐ за да донесеме правда за бебињата, рече Радерфорд.
Ново на Сител
-

Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
