Македонија
21. August 2021 - 21:22

Како ќе се спроведуваат мерките во угостителските објекти

Затворен угостителски објект во Гостивар, каде не се почитувале новите мерки. Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека освен парична казна, фирмата ќе добие и забрана за работа од 10 до 30 дена.
Инспекторите велат дека мерките се почитуваат бидејќи за пет дена ова е само втор затворен локал каде биле затекнати гости без сертификат за вакцина или прележан Ковид-19.

Пазарна заедно со МВР спроведуваат по околу 500 контроли дневно.
Граѓаните велат дека сертификати се бараат секаде. Но, за странците мерките се неразбирливи. Дел од нив биле вратени, но некои велат дека седеле во ресторан без да покажат сертификат